Актерот Џорџ Клуни ги повика своите многубројни обожаватели ширум светот, на бојкот на десет луксузни хотели, чиј сопственик е султанот на Брунеј, островска држава во Југоисточна Азија. Ваквиот повик на Клуни се должи поради тоа што султанот стои зад строгиот закон, кој на хомосексуалците им ги нарушува човековите права.
Актерот и неговата сопруга Амал, често го користат својот углед и популарност за да апелираат на кршење на човековите права во светот и прават сè што е во нивна моќ за ефикасно ги решат проблемите. Додека Амал своите битки ги води по судски пат, Клуни одлучил да ги повика своите фанови на бојкот на луксузни хотели.
Во Брунеј од 3. април на сила ќе стапи закон кој смртно ќе ги казнува хомосексуалците. Ваквиот закон го поттикнал Клуни јавно да посочи со прст кон султанот и на свој начин да се обиде да се избори за праведен правен систем на Далечниот исток, пренесува „Би-Би-Си“.
Клуни во својата последна колумна за порталот Deadline, вели дека од неодамна престанал да ги посетува хотелите на Dorchester Collection, во САД, Велика Британија, Франција и Италија.
„Престојував во голем дел од тие хотели, затоа што не си ја одработив домашната задча и не проверив кој е сопственикот и за каква личност станува збор. Секој пат кога ќе преспиете или ручате во кој било од овие хотели, автоматски ќе ги ставите парите во џеб на оние луѓе кои одлучиле да ги каменуваат или камшикуваат сопствените граѓани, поради нивната сексуалност“, вели Клуни.
Текстот Џорџ Клуни ќе бојкотира ланец на хотели за правата на хомосексуалците е превземен од Reporter.mk.