Холивудскиот глумец Џорџ Клуни ќе биде кум на бебето на Хари и Меган, пишува „Дејли мејл“. Глумецот и синот на војводата и војвотката од Сасекс се родени на ист ден, 6 мај. Меган Маркл се породи вчера изутрина, во 05:26 часот, а момчето тежело 3,26 килограми, открија од Бакингамската палата.
„Нејзиното Кралско Височество војвотката од Сасекс утрово го роди својот син . Војводата од Сасекс беше присутен на породувањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс и војвотката од Корнвал, војводата и војвотката од Кембриџ се воодушевени од оваа вест. Мајката на војвотката, Дориа Рагланд, е пресреќна поради доаѓањето на својот прв внук. Таа сега е со Кралското Височество. Нејзиното Кралско Височество и бебето се добри,“ стои во соопштението од палатата.
Според правилата на кралското семејство, бебето треба да биде крстено на 40. ден од раѓањето. Иако британските медиуми и претходно пишуваа дека кумови на бебето ќе бидат Амал и Џорџ Клуни, ниту глумецот ниту кралското семејство засега не ја потврдија веста.
Текстот Џорџ Клуни ќе го крсти бебето на Меган и Хари е превземен од Reporter.mk.