Италијанските медиуми објавија дека светската филмска ѕвезда, Џорџ Клуни, имал сообраќајна несреќа во Италија, каде што е на летување со семејството. Глумецот е полесно повреден, но веднаш бил пренесен во болница, каде што е и во моментов.
Сообраќајната несреќа на Клуни се случила на патот кај Коста Коралине на Сардинија. Актерот се судрил со автомобил додека возел мотор. Засега не се познати детали за тоа како дошло до несреќата. Клуни бил префрлен во болница, а оттаму велат дека се чувствува добро и стабилно и дека наскоро ќе го пуштат дома.