Актерот Џорџ Клуни сака повторно да ги спои Бред Пит и Џенифер Анистон пишуваат светските медиуми. Актерот има план и мисија да почне да ги кани поранешните сопружници да доаѓаат со него и неговата сопруга Амал на тајно патување во Рим.
По четрнаесет години, откако американскиот актер Бред Пит и неговата колешка Џенифер Анистон се разведоа, Клуни бара начин како повторно да ги смири неговите пријатели, пишува „Мирор“. Актерот сака да ги види двајцата повторно среќни, а тоа нема да се случи ако не се заедно, смета Клуни.
Клуни им организирал на Бред и Џенифер приватна вила во Рим, а за да не го привлече вниманието на јавноста, смештајот го најавил дека е за негоите родители.
„Изгледаше романтично, благодарение на персоналот кој се однесуваше исклучително дискретно. Интересно Бред е заинтересиран за Џенифер и вели дека може да му верува. Откако Џенифер се разведе од Џастин Тероукс, Пит има намера повторно да се обиде со неа“, вели Клуни.
Бракот меѓу Бред Пит и Џенифер Анистон се распадна, откако актерот се заљуби во Анџелина Џоли.
„Ми стана јасно дека се обидувам да пронајдам филм за заеднички живот, а јас не го живеев тој интересен живот. Тоа беше обид да го претворам бракот во нешто што не е“, изјавил Бред прет четрнаесет години и додал дека во тој брак, тој сакал нешто повеќе од што можел да понуди.
Текстот Џорџ Клуни сака да ги спои Бред Пит и Џенифер Анистон е превземен од Reporter.mk.