Амал Клуни сериозно се исплашила по сообраќајната несреќа која ја имаше Џорџ Клуни во јули годинава во Италија, па тој одлучил својот мототр „Харли Дејвидсон“ да го продаде на аукција за непрофитна организација која им помага на американските ветерани. Амал му забранила на Клуни да вози мотор и барала да го го продаде.
Како што пишуваат странските медиуми, таа често го има главниот збор во домот, а актерот бил многу попустлив кон неа.
Моторот во моментов е најскапиот предмет на аукцијата, проценет е на 25.000 долари, а на истата може да се купат и патики со потписот на Елен Деџенерис, како и ВИП билети за премиерата на осмата сезона на „Игра на тронови“.
Текстот Џорџ Клуни заради Амал го продава моторот е превземен од Reporter.mk.