Холивудскиот глумец Џош Думел по пет месеци врска раскина со 17 години помладата актерка Еиза Гонзалез. Иако неколку месеци се шпекулираше дека се во врска, глумците потврдија дека се заедно пред еден месец. Но, поради бројните работни обврски и снимањето филмови поради кои не може да се видат подолго време, решиле да прекинат, пишува магазинот „Пипл“.
Думел пред една година се разведе од Ферги, пејачката на „Блек ајд пис“, со која го има синот Аксел. Еиза беше првата девојка со која се појави во јавноста по разводот.
Текстот Џош Думел раскина со 17 години помладата девојка е превземен од Reporter.mk.