Британскиот актер Џуд Ло тајно се ожени за својата девојка Филипа Коан во Лондон на 30 април, објави „Дејли мејл“. На скромна церемонија во црквата „Олд Мерилбоун“ не биле присутни познати личности. На венчавката беа поканети само семејствата и роднините на младоженците. Ло и Коан не дозволиле да се прават слики од свадбената церемонија. Нејзиниот затворен формат ги изненадило и британските медиуми. Претходно, тие објавија дека Ло има намера да се ожени во Франција во присуство на неговите холивудски пријатели. Ло и Коан соопштија за својата веридба во месец февруари оваа година откако имаа 4-годишна врска. Ова е втор брак на 46-годишниот актер. Од 1997 до 2003 година, тој беше оженет за англиската актерка Сејди Фрост, со која има три деца. Освен тоа Ло е татко на ќерка од моделот Саманта Бурк и има ќерка од пејачката Кетрин Хардинг.
Текстот Џуд Ло тајно се ожени со Филипа Коан е превземен од Reporter.mk.