Актерката Џулијан Мур е важи за одлична професионалка, но самата призна дека имала ситуации во кои посакала да се заклучи во гардеробата.
Таа изјави дека многу тешко ги снимала интимните сцени во филмот „After the Wedding“, чиј што режисер е нејзиниот сопруг Барт Фрундлих.
Оскаровката изјави дека во една сцена разговарала со нејзиниот партнер во филмот, актерот Били Крудуп, додека лежела сосема гола во када, пред сите колеги на снимањето, меѓу кои и нејзиниот сопруг.
– Навистина мразев што морав така да снимам. Не ми се допадна таа сцена воопшто, тоа беше највознемирувачкото искуство за мене воопшто, изјави Џулијан, која има две деца со Барт.
Таа исто така додаде дека нејзиниот сопруг не сака да ги гледа сцените во кои таа глуми гола.
-Тој секогаш ги избегнува, вели таа.
Актерката признава дека за многу актерки е тешко да го усогласат деловниот и приватниот живот и дека таа не е исклучок.
– Мора постојано да балансираш. Воопшто не е лесно.
Во едно претходно интервју, таа изјави дека семејството секогаш е на прво место.
– Милионските авторски хонорари не можат на моите деца да им ја надоместат мајка им. Ако мојот личен живот ќе страда поради улогата, јас нема да ја прифатам – рече талентираната актерка.
Текстот Џулијан Мур: Бев гола со друг маж пред сопругот е превземен од Reporter.mk.