На 29 декември во ВИП арената „Борис Трајковски“ на иста сцена ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица. Концертот, што ќе почне во 20 часот, ќе трае повеќе од 4 часа, а српските фолк-пејачи ќе ги пеат своите најголеми хитови.
Влезниците за концертот се веќе во продажба, по цена од 400, 500 и 900 денари.
Организатор на концертот е „Балканска музичка продукција“.
Текстот Џумбус со Аца Лукас пред Нова година е превземен од Reporter.mk.