Актерот Крис Нот, кој го глумеше Ѕверката во серијата и филмовите „Сексот и градот“ потврди дека неговиот лик требал да умре во една од првите сцени од третото продолжение на филмот. Бидејќи филмот нема да се снима, тој и дел од актерите открија детали за планираниот филм.
„Ми се допаѓаше идејата да умре Ѕверката, оти филмот немаше да се претвори во уште една лигава романтична сцена. Најлошата сцена ми беше онаа каде што на крајот на првиот дел ѝ ги носам новите чевли на Кери за таа да ми се врати. Лигаво, многу лигаво. Јас сум тимски играч, но никогаш не уживав во филмовите. Сметам дека се премногу сентиментални. Дури ниту хуморот не се поклопуваше со оној од серијата“, рекол Крис.
Третиот дел наместо на приказната за четирите пријателки, Кери, Саманта, Миранда и Шарлот ќе го следел животот на Кери по смртта на Ѕверката. Неофицијално, ова била главната причина што Ким одлучила да ја одбие улогата, бидејќи нејзиниот лик би бил спореден во целото трето продолжение, а не поради расправија со Сара Џесика Паркер.
Фановите, пак, откако дознаа за сценариото, на социјалните мрежи коментираа дека се среќни што третиот дел сепак нема да се снима.
Текстот Ѕверката треба да умре во „Сексот и градот 3“ е превземен од Reporter.mk.