На поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, Ерин Хедертон и се собрале половина милион евра долг, а познатиот британски готвач Џејми Оливер прогласил банкрот. Ова се само некои од големиот број ѕвезди кои имале раскошни трошоци кои не можеле да ги покријат.
Ерин Хетхертон, Џејмс Стунт, Чарли Шин, Николас Кејџ. Сите овие се холивудски ѕвезди кои се сопнале на каменот на славата и парите кои ги заработиле. Милионите долари кои ги вртеле, сега не можат да ги покријат нивните раскошни потреби па се нашле пред банкрот, но и целосно останале без пари.
Џејмс Стант (37)
Иако медиумите на големо пишуваат дека Џејмс Стант поранешен сопруг на Петра Еклстоун, ќерката на поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, банкротирал, милионерот изјавил дека вооптшо не е загрижен што должи повеќе од 15 милиони евра.
Џејмс кој е зависен од алкохол и дрога, изјавл дека е убеден дека ќе се извлече од финансиските проблеми.
„Ќе го победам тој глуп банкрот“, изјавил поранешниот сопруг на Петра Еклстон.
Ерин Хедертон (30)
Поранешниот анеѓел на „Викторија сикрет“ и поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, неодамна прогласи банкрот. На Ерин и се собрале половина милион евра долг, а таа тврди дека поседува само имот во вредност од 5000 евра, а минатата година дека заработила околу 3000 евра. Пред две години почнале невољите кога деловниот партнер ја тужел, затоа што му должела повеќе од 67.000 евра. Ерин се гони и за неплатен данок во Њујорк.
Џејми Оливер (45)
Најпознатиот готвач во светот веќе со години има проблеми со парите, па на крајот на минатата година прогласил банкрот. За година дена изгубил дури 100 милиони евра.
„Не оставив ништо на страна. Не изградив безбедносна мрежа и имав по малку чудно сваќање на рецесијата. Уживав во животот, забавите, готвењето“, признал Џејми. Рестораните му пропаднале, а околу 1300 луѓе останаа без работа.
Николас Кејџ (55)
Актерот своевремено заработувал милиони, но не знаел како да ги потроши. Трошел на куќи, автомобили, авиони, а купил дури и два острови на Бахамите. Пред десет години Кејџ прогласил банкрот и изјавил дека неговиот менаџер е виновен за тоа.
Мел Б (44)
Членката на британската музичка група „Спајс грлс“, трошела на луксузни автомобили, дијаманти, дизајнирала облека, па во 2017 година, пред судот се изјаснила дека во тие моменти на нејзината сметка, наместо 130.000 евра, останале само 1000 евра.
Памела Андерсон (51)
Плејбој зајчицата и ѕвездата од „Чувари на плажата“, во минатото заработувала милиони. Светските медиуми пишуваа дека заработката ја трошела на градење на раскошни палати во Малибу, поради што во 2009 година, морала да прогласи банкрот. Неодамна таа со синовите почнала да живее во приколка.
Тори Спелинг (46)
Актерката со години се наоѓа во финансиска загуба. На кредитната картичка има долг од 67,000 евра, а наводно има и проблеми со неколку милиони неплатен данок.
Линдзи Лохан (32)
Кариерата ја почнала во улогата во семејни и детски филмови, а со време станала и една од најплатените актерки во Холивуд. Сепак, пред три години се нашла на работ на банкрот. Половина година не ја платила киријата за станот во Лондон, па останала должна околу 80.000 евра.
Ким Басинџер (65)
Најпознатата девојка на Бонд, станала и секс симбол, па заработувала и голема пари. Но, сето богатство брзо го потрошила, па уште во деведесетите била принудена да прогласи банкрот.
Џони Деп (56)
Актерот сака да ужива во раскошни работи и опијати, па во 2016 година потрошил 26.920 евра на вино. Дури 40 луѓе го служеле, а купувал и приватни авиони и скапоцени уметнички дела. Против него биле подигнати обвиненија од поранешни менаџери, а и разодот од неговата поранешна сопруга Амбер Херд го чинел скапо.
Текстот Ѕвезди кои некогаш пливале во долари, а денес се дават во долгови е превземен од Reporter.mk.