Голем број филмски и музички ѕвезди признаваат дека со години имале проблеми со алкохолот. Некои од нив побарале стручна помош и веќе не пијат. Други, пак, по неколку години, повторно почнале да пијат. Но сите се сложуваат дека тоа што јавно зборувале за проблемот им помогнало и да побараат помош или да сфатат дека е време да се откажат. Овие ѕвезди успеале да се изборат со алкохолизмот.
Еминем е трезен веќе 10 години откако во 2007 година се предозирал со алкохол.
Бредли Купер е трезен од неговата 29. година, кога сфатил дека ако продолжи да пие ќе си го уништи животот.
Моделот Криси Тајген престанала да пие откако сфатила дека го прави тоа пред секој настан и дека си го уништува животот себеси, ама и на сопругот.
Кaлвин Харис престанал да пие кога имал 24 години бидејќи му штетело на работата. Вели дека никогаш не бил зависник од алкохол, ама сега не пие воопшто.
Наоми Кемпбел признала дека е алкохоличар во раните 2000-ти години, па се пријавила во група на анонимни алкохоличари за да се излечи.
Даниел Редклиф почнал да станува зависен од алкохол на снимањето на „Хари Потер“. Од алкохолот се откажал во 2013 година.
Бен Афлек е трезен неколку години, па пак почнува да пие. Редовно се пријавува на рехабилитација од 2001 година.
Бред Пит во интервју открил дека пиел премногу пред разводот со Анџелина Џоли. Додал и дека со децении пушел марихуана секој ден. Веќе две години не пие и не зема марихуана.
Текстот Ѕвезди што се откажале од алкохолот е превземен од Reporter.mk.