Ѕвездите купуваат следбеници на „Инстаграм“

Институтот за модерен музички перформанс од Велика Британија ги анализирал инстаграм-профилите на познатите личности за да открие кој од нив има најмногу лажни следбеници и колкаво е навистина нивното влијание во медиумите.

На прво место, со најмногу лажни следбеници, е водителката и комичарка Елен де Џенерис. Елен има 74.4 милиони следбеници, но 58% од нив се лажни профили. Втора е Кети Пери со 53% лажни следбеници, а веднаш зад неа е Кортни Кардашијан која има вкупно 80 милиони следбеници, но 49% од нив се лажни. И Тејлор Свифт има 49% лажни следбеници, иако неа ја следат 119 милиони луѓе. Следна е корејската група БТС која има 19 милиони следбеници, но 49% од нив не се вистински профили.

По ова следуваат Мајли Сајрус (47%), Аријана Гранде и Пријанка Чопра (46%), Ким и Клои Кардашијан имат по 44% лажни следбеници, Кендал Џенер ја следат 33% лажни профили, а Кајли Џенер ја следат 31% лажни профили.

 

Текстот Ѕвездите купуваат следбеници на „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.