На годишнината од немилите настани кои се случија на 13 мај 1990 година на стадионот „Максимир“, се јави и поранешниот хрватски капитен и фудбалер на Милан, Ѕвонимир Бобан, велејќи дека нималку не се кае за тоа што го направи на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда.
Наместо фудбалски спектакл, навивачите пред триесет години беа сведоци на дивеење на хулиганите, пред се на „Бед Блу Бојс“, кои ја пробија заштитната ограда на северната трибина од стадионот и влегоа во конфликт со полицијата, која застана меѓу нив и „Делиите“.
„Не можам да си замерам за ништо. Сакав слобода против еден режим, против неправдата која беше евидентна на стадионот, како можеби никогаш претходно. Долго време патев и неможев да објаснам што навистина се случи тој ден. Без разлика на сè, јассе трудев да останам добар кон сите од другата страна, колку што можев. Тој товар го носев цело време во мене“, ги раскажува Бобан за „Нова.рс“, немилите настани кои се случија тој ден.
За време на тепачките, Бобан направи потег кој се прераскажуваше во наредните децении. Тој остана запаметен до ден денес, затоа што ги штитеше хрватските навивачи и скокна и удри еден од милицајците со нога.
„Тоа беше реакција на еден човек, која може да се спореди со нешто многу пострашно. Може да се спореди со реакција на неколку илјадници луѓе. За тоа не сакам многу да зборувам. Тоа остана како симбол, затоа што јас бев тој кој го носеше бројот десет и бев капитен на тие момци. Но, тоа беше акт на млади луѓе, кои беа повредени од непочитта на тогашниот режим“, се потсетува Бобан.
Тогашната држава Југославија се распаѓаше, а Бобан знаеше дека му следува голема казна во Југословенската лига. Но, имаше луѓе кои му помогнаа. Тој беше казнет девет месеци со негирање фудбал, кои подоцна му беа намалени на четири. Можеби потешка казна беше тоа што селекторот Ивица Осим, не го зема на Мундијалот во Италија.
„Во мометнтите кога ми беше најтешко, ме заштитија само двајца луѓе. Дејан Савичевиќ и Милјан Милјаниќ. Тие се обидоа да ме сватат, беа доволно чесни да ја видат ситуацијата од поширок и од човечки аспект. Ме познаваа и ќе им останам вечно благодарен. Кога дојдов повторно во Белград на 13. мај 1990 година, на погреб, тие ме заштитија од целата јавност, која ме нарекуваше усташ. За тоа треба да имаш храброст и интегритет“, вели Бобан.
Текстот Ѕвонимир Бобан: Не се каам за тоа што го направив на „Максимир“ е превземен од Reporter.mk.