Пејачот Ед Ширан е прогласен за изведувач на деценијата според The Official Charts Company, која ја прави музичката топ листа во Велика Британија. Причината за ваквата награда е затоа што Ширан успеал да се задржи на првото место на топ листата 79 недели.
Британецот стана единствениот изведувач во оваа деценија, на кој му успеало вакво нешто. Неговите албуми се на врвот вкупно 41 недела, а есните 38 недели.
„Ова е неверојатно! Навистина не очекував дека ќе имам кариера подолга од пет години, а не пак дека ќе издржам цела деценија. Фала ви на сите за поддршката“, изјавил Ед Ширан.
Хитот Shape Of You се најде на врвот повеќе од 14 недели, а беше продаден во повеќе од 4,5 милиони примероци. Освен тоа Ширан е единствениот машки изведувач кој во првата недела од исфрлањето на албумот, истиот го продал во повеќе од 670.000 примероци, а странските медиуми наведуваат дека имал многу успешни турнеи.
Ширан беше прогласен и за уметник на годината, и тоа две години по ред. Во 2017 година ја доби наградата на МТВ музичките награди. Истата награда ја доби и минатата година, а му беше врачена на доделувањето на „Билборд Музичките награди“.
Ваквите достигнувања ги зачудија бројни негови фанови, кога дознаа дека турнејата Divide, со која Ширан е исклучително задоволен, ќе му биде последна. Како што изјавил самиот тој, пејачот ќе се повлече од музичката сцена на година дена, за да биде повеќе време со неговата сопруга Шери Сиборн.
Двојката во јули потврди дека тајно ќе се енчаат, а заедно се уште од средно школо.
Текстот Ед Ширан прогласен за изведувач на деценијата е превземен од Reporter.mk.