Холивудската ѕвезда Еди Марфи на 57 година десетти пат ќе стане татко, пишуваат американските медиуми. Неговата девојка, австралиски модел Пејџ Батчер е на почетокот на бременоста. Пејџ и Еди се заедно од 2012 година, а првпат се запознале на снимањето на филмот „Куќата на биг мама“ во 2006 година. Двојката веќе има едно дете, двегодишна ќерка Изи Уна Марфи.
Популарниот глумец има девет девет деца со пет различни жени. Пет од нив се од бракот со поранешната сопруга Никол Мичел, а има по едно и со поранешните партнерки Мел Би од „Спајс грлс“, Тамара Худ Џонсон и Полет Мекнили.
Текстот Еди Марфи десетти пат татко е превземен од Reporter.mk.