Денеска навршуваат 11 години од трагичната смрт на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година, во тешка сообраќајна несреќа која се случи крај Нова Градишка, на автопатот Загреб-Липовац, околу 6:20 часот утрото.
Пејачот загина на 26 годишна возраст. Движејќи се на патот кон Загреб, Тоше седел на совозачкото место во автомобилот, со кој управувал неговиот пријател Ѓорѓи Ѓоргиевски, а неприлагодената брзина резултирала, џипот да удри во приколка со камион.
Возилото удрило на страната каде седел Тоше Проески. Пејачот починал на лице место. Во автомобилот покрај Тоше била и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која како и возачот се здобила со полесни повреди.
Текстот Единаесет години без Тоше е превземен од Reporter.mk.