Една операција ја дели водителката Деа до целосоно опоравување

Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ, која доживеа страшна несреќа на почетокот на годината e на чекор до целосно опоравување. Лекарите велат дека треба да се изврши уште една операција на раката, и Деа ќе може да им се врати на секојдневните обврски.

Деа на седми февруари доживеа тешка незгода, кога автобус удри во неа и тешко и ја повреди левата рака. По неколку операции, лекарите успеаа да ја спасат.

„Голем хируршки тим од неколку микрохирурзи, неурохирурзи и ортопед извршија сложена операција. Специјалистите мораа да пресад нерви од нејзината нога, во повредената рака, за во целост да и ја вратат подвижноста“, изјавил извор упатен во здравствената состојба на водителката.

Изворот објаснува дека исходите од ваквите постапки, често знаат да бидат неизвесни. Никој однапред не може да знае дали телото ќе ги прифати нервите во целост, односно дали ќе профункционираат во раката, како на долните екстремитети. Но, според проценките на лекарите, не би требало да има никакви проблеми, вели изворот.

Лекарите веруваат дека целата постапка ќе мине без поголеми компликации. Медиумите пишуваат дека Деа сега ја чека долг процес на опоравување. Таа повторно ќе мора да учи да оди и да ја поместува раката. Нејзините пријатели и семејство велат дека Деа покажала дека е храбра и упорна и сигурни се дека ќе има сили и за вакво нешто.

„Нејзиниот оптимизам е многу важен за докторите кои го водат целиот овој случај“, вели изворот близок до Деа.

„Целиот тек на лечење минува онака како што тимот на хирурзи мисли дека треба да се одвива. Јас сум во болница, а мојата здравствена состојба и понатаму е добра. Следи период на рехабилитација и опоравување“, изјавила Деа.

 

Текстот Една операција ја дели водителката Деа до целосоно опоравување е превземен од Reporter.mk.