Ексминситерот Николовски раскина со Андријана и сега ќе се жени

Генералниот секретар на СДСМ и ексминитер за земјоделство, Љупчо Николовски, ќе се жени. Тој пред десет дена во познатото турстичко  место Порторож (Словенија),  на брегот на Јадранско Море ја побара за жена својата девојка Андријана Јакимовска. Роматичен екс министерот, го избрал Порторож чие име во превод значи пристаниште на розите. Веста за романтичното запросување и фотографии од свршеничкиот прстен на социјалните мрежи ги сподели Андријана. Под заедничките фотографии таа напиша дека „не треба да се бара љубовта, бидејќи таа на крајот сепак ќе не пронајде, дури и тоа на биде на најнеочекуван начин„.

Љупчо (35) и Андријана се по потекло е од Крива Паланка. Таму и започнала нивната љубовна призкана. По неколку гоини двојката ја раскинала долгата врска, а Андријана заминала во Словенија. Таа таму  работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. Компанијата се занимава со трговија со електрична енергија.

По неколку години откатао се разделиле , тие случајно се сретнале. Веќе на почетокот на оваа година, во јануари  сватиле дека повторно се сакаат и ја обновиле врската, раскажуваат нивните блиски. Конечно пред неколку дена, ексминистерот ја побара Андријана за жена.

Текстот Ексминситерот Николовски раскина со Андријана и сега ќе се жени е превземен од Reporter.mk.