Српската актерка Светлана Бојковиќ, најпозната по улогата на Емилија Попадиќ од серијата „Подобар живот“, живее во стан во поткровје во центарот на Белград.
Во нејзиниот дом доминираат масивни парчиња мебел од кожа, уметнички слики, огледала и асесоари – ламби, предмети од кристал, кутии за накит. На едниот од ѕидовите доминира нејзин портрет. Килимите се во старински стил, но изработката е рачна.
„Ми се допаѓа што станот е во центарот на Белград. Не мора да одам никаде со автомобил, а до театарот стигнувам пеш“, рекла Светлана во интервјуто за „Ало“.
Бојковиќ во овој стан живее повеќе од 20 години со сопругот Славко Круљевиќ.
Текстот Елеганција во домот на Светлана Бојковиќ е превземен од Reporter.mk.