Елен Деџенерес им ги намалила платите на своите вработени

Познатата американска водителка Елен Деџенерес им ги намалила платите на своите вработени за 60%, пренесуваат светските медиуми. Елен ниту им навестила претходно дека планира да им ги намали платите.

Поради пандемијата на коронавирусот, таа „Шоуто на Елен“ почна да го снима во својот дом, но нејзините вработени не го сокрија незадоволството поради драстиното намалување на платите, и тоа без претходна најава.

Два извори од нејзиниот тим кои сакале да останат анонимни, изјавиле дека многу малку информации добиле од почетокот на вонредната состојба и неколку телефонски повици од луѓето од повисоки позиции, кои не сакале премногу да им откриваат.

Еден од вработените од продукцијата дознал дека го очекува намалена плата и за 60%, иако емитувањето на емисиите и понатаму ќе продолжи.

Телевизискиот тим од ова шоу, кое брои повеќе од 30 луѓе, е револтиран затоа што Елен ја води емисијата од својата куќа во Калифорнија, а тие сè уште не знаат дали ќе добијат плати.

Интересно е дека водителката за време на пандемијата ангажирала и надворешна технолошка компанија, за да може емисијата непрекинато да се емитува.

Инаку, Елен потпишала годишен договор за емитување од 87,5 милиони долари, а нејзиниот имот се проценува на 490 милиони долари. Нејзините вработени велат дека очекувале таа да им излезе во пресрет.

Од пиар телевизиската куќа Vorner braders, која стои зад емисијата, изјавиле дека екипата сè уште прима плата, иако редовното време им е скратено.

„Нашите извршни продуценти се посветени на грижата за нашите вработени во екипата, па пред сè ги имаа на ум додека носеа одлуки“, изјавиле од пијар тимот.

И покрај тоа, извори од тимот на Деџенерс тврдат дека последните две недели не добиле информации за тоа колку точно ќе бидат платени. За разлика од Деџенерс, светските медиуми пренесуваат дека вработените во другите слични вакви успешни емисии ги добиле редовно своите плати.

Водителот Џими Кимел на својот тим му исплатил плати и од својот џеб. Поради тоа многумина обожаватели сега ѝ се лутат на Елен, затоа што не донела иста одлука за да им помогне на своите колеги.

 

 

 

 

Текстот Елен Деџенерес им ги намалила платите на своите вработени е превземен од Reporter.mk.