Македонската пејачка Елена Миленковска го напушти музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа преку социјалните мрежи им соопшти на фановите дека сега ќе се фокусира на семејството, нејзиниот вереник Гуте Маринковиќ и бебето кое што го очекуваат.
„Среќна сум за се што доживувам и едвај чекам да се реализирам во улогата на мајка бидејќи мислам дека тоа е најголем подарок. Со нови сили повторно ќе се дружиме во следната сезона. Во меѓувреме, очекувајте многу нови работи од мене и мојот Гуте“, напиша Миленкова на „Инстаграм“.
Пејачката претходната сезона во шоуто го запозна Гуте Маринковиќ со кого се вери. На почетокот на годината, Елена и Гуте официјално се потпишаа во матично, а и открија и дека ќе станат родители.
Миленковска во шоуто оваа сезона беше под менторство на Ѓорѓе Давид.
Текстот Елена Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.