Елена од Прилеп стана најубавата жена од Европа

Елена Петревска од Прилеп и Симона Станковска од Скопје ја претставуваа Македонија на изборот за убавина World Next Top Model 2018 во Бејрут, Либан. И двете успеаја да освојат титули. Елена ја освои титулата Мис Европа, а Симона, пак, беше избрана за 5-та придружничка.

Ја освои титулата Мис Европа

 

 

Изборот се одржа во студиото Лебанон во Бејрут, а учествуваа 35 девојки од светот. Победничка е претставничката од Русија. Елена и Симона се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор на убавина и модели. И двете добија како награда договори за работа во Либан и во уште неколку други држави.