Македонскиот топ модел Елена Реи за кратко време два пати се најде на насловната страница на модниот магазин Vulcanize. Таа се појави на насловната на пролетното и на летното издание на познатото списание. Освен ова, Елена стана заштитно лице и на козметичката куќа La Mer.
„Иако сме навикнати да ги гледаме странските топ модели да рекламираат врвни брендови и нивните линии, може да се пофалиме и со нашата Елена која успешно работи во светот и е една од малкуте Македонки што работат со светски брендови“, вели Алек Наумовски од модната агенција „Моделс ИН“.
Елена лани работеше во Токио и Њујорк, а неодамна отпатува во Азија каде што ќе работи до летото.
Текстот Елена Реи двапати на насловна страница на светски моден магазин е превземен од Reporter.mk.