Поп-пејачката Елена Ристеска снима песна со популарниот музичар Дуке Бојаџиев. Таа се пофали дека е во неговото студио во Њујорк и дека заедно работат на нешто ново.
„Секогаш е задоволство да се работи со легендарниот Дуке. Не можам да дочекам да го завршиме тоа што го почнавме пред неколку дена“, напиша таа покрај заедничката фотографија што ја објави на социјалните мрежи.
Освен слика со Дуке, таа објави и видео со познатиот диџеј Латин Принц, па нејзините обожаватели во коментарите ја прашаа дали и тој е вклучен во новата песна.
Елена од пред дваесетина дена е во Америка со својата другарка Ивана. За „Репортер“ тогаш рече дека се во Америка на шетање и не сакаше да открие повеќе детали за патувањето. Девојките прво одмораа во Мајами, Флорида, а потоа отидоа во Њујорк. Таму Ристеска се сретна и со својот менаџер и продуцент од Русија, , но рече дека таа средба била сосема случајна, и дека е вистинска среќа што двајцата се нашле во Њујорк во исто време.
Текстот Елена снима песна со Дуке е превземен од Reporter.mk.