Пејачката Елена Велевска по бурниот период кој го имаше поради разводот со својот сопруг, сега се релаксира со фудбалските мечеви од детската лига каде игра нејзиниот син Марко.
Пејачката објави фотографии од нејзиниот син кој играше за тимот на „Евро фудбал“ во детската фудбалска лига. Натпреварот се одигра на помошниот терен покрај стадионот „Филип Втори“.
„Горда ме прават само делата на луѓето. Овојпат мојот амбициозен син Марко и дечињата од „Евро фудбал”. Честитки и успех во полуфинале“, напиша пејачката на социјалните мрежи.
Под објавените фотографии, Влевска доби голем број честитки и пофалби за успехот на Марко и неговите соиграчи.
Текстот Елена Велевска горда на својот син Марко е превземен од Reporter.mk.