Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот, на 6 мај славеше 50. роденден. Првата дама покани свои пријателки за заедно да донираат и да подготват оброци. Солидарните јадења беа подготвени и спакувани во дворот на резиденцијата на Претседателот, и поделени на социјално ранливи категории. Не е првпат Елизабета Ѓоргиевска да волонтира во рамките на иницијативата Ретвитни оброк.
Текстот Елизабета Ѓоргиевска славеше 50 роденден, ги покани другарките на Ретвитни оброк е превземен од Reporter.mk.