Богатството на британската кралица Елизабета Втора од околу 600 милиони долари не е ништо во споредба со богатството на другите кралски семејства во Европа. Иако британското кралско семејство можеби е најпознато на светот, сепак тоа не е најбогато, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Според листата што ја направил овој економски магазин, титулата најбогато кралско семејство му припаѓа на семејството кое пријавило нето-вредност во милијарди евра, како што е принцот Алберт Втори од Монако.
Од магацинот велат дека имале потешкотии во составувањето на листата на 10 најбогати кралски семејства и проценката на нивното богатство, поради тоа што некои од нив, покрај личното богатство, добиваат и додатоци од државата.
10. Кралот Филип, Белгија
Богатството на белгискиот крал Фили, се проценува на 13 милиони долари. Белгиската цивилна листа ги покрива сите трошоци кои директно настанале од страна на кралот Филип, кои во 2013 година изнесувале околу 13.801,830 долари, а дополнителните услуги и поддршка ги финансирала и владата.
Белгискиот кралски имот е во сопственост на државата или кралскиот фонд. Тој е независна и автономна јавна институција. Имотниот фонд никогаш не може да се продаде.
9. Кралот Фелипе VI, Шпанија
Богатството на шпанскиот крал Фелипе се проценува на 20 милиони долари. Шпанскиот крал наводно ја намалил својата плата за 20%, односно на 267.447 долари, во 2015 година.
Кралското семејство има осум кралски палати, пет кралски резиденции и десет манастири и станови. Во 2015 година нивниот кралски начин на живот ја чинел Шпанија 8,9 милиони долари.
8. Кралот Харалд V, Норвешка
Богатството на кралот норвешкиот крал Харалд се проценува на околу 30 милиони долари. Кралот Харалд V не плаќа данот на своето богатство и потрошил нешто од тоа богатство купувајќи кралска јахта. Норвешката монархија наводно ја чинела државата 72 милиони долари годишно.
Во 2017 година норвешката влада на кралското семејство и доделила 32,214.394 долари и 14.88.900 долари за кралот и кралицата кои можеле да си ги потрошат за лични потреби.
7. Кралицата Маргарета II, Данска
Богатството на данската кралица Маргарета, вреди 40 милиони долари. Таа владе со земјата уште од 1972 година. Данската цивилна листа и дава на кралското семејство 12,8 милиони долари годишно. Овие пари ги покриваат активностите на кралицата, трошоците на кралското домаќинство и приватните трошоци.
6. Кралот Карл XVI Густаф, Шведска
Шведскит крал Густаф поседува 70 милиони долари лично богатство. Кралот Ларл XVI добил 7,6 милиони долари за службени должности во 2015 година, а управата на палатата добила речиси 7,4 милиони долари од државата истата година. Нето-вредноста на кралското семејство вклучува и приватно сопствеништво над палатата Солиден и летна куќа во балтичките земји.
5. Кралицата Беатрикс, Холандија
Богатството на холандската кралица Беатриск се движи од 200 до 300 милиони долари. Таа абдицираше од тронот во 2013 година, но тоа не ја спречува да остане најистакнатата личност во холандското кралско семејство.
Моменталниот крал на Холандија, кралот Вилијем Александар, добил буџет од 47 милиони долари, кои ги покрива официјалните посети и прекуокеанските тури. Тој исто така има лично богатство кое се состои од недвижности, инвестиции и удели во Shell Oil.
4. Кралицата Елизабета II, Англија
Нејзиното богатство се проценува од 500 до 600 милиони долари. Нето-вредноста на британското кралско семејство се состои од имоти, уметнички дела и инвестиции. Најголемиот дел од нето-вредноста доаѓа од The Crown Estate, кој ја вклучува Бакингемската палата и кралските драгоцености.
Иако е во поседништво на британската држава, кралицата може да располага со резиденцијата во дворецот Балморал и палатата Сандрингхам. Нејзиното приватно богатство според „Форбс“ се проценува на 530 милиони долари.
3. Принцот Алберт II, Монако
Неговото богатство се проценува на милијарди долари. Принцот Алберт II од Монако наводно поседува околу четвртина од земјата со која владее. Во неговиот имот спаѓаат куќата во Филаделфија, која неговата мајка Грејс Кели ја купила во 2016 година, за околу 754.000 долари.
Потоа поседува колекција на стари автомобили, акции во одморалиштето Societe des Bains de Mer во Монте Карло, и скапа колекција на марки. Сето ова прдоинесува во нето вредноста на куќата Грималди. Монако потрошил 52.788.294 долари на кралското семејство во 2015 година.
2. Големиот војвода Хенри, Луксембург
Богатсвото на луксембуршкиот војвода Хенри се проценува на 4 милијарди. Луксембуршкото семејство Гранд Дукал не прима плата, но од 1948 година годишно државата доделува околу 324,851 долари, за извршување на функцијата.
Буџетот за 2017 година, исто така овозможува 12.181.914 долари за трошоците на домаќинството на големиот војвода. Сопствеништвото, управувањето, контролата и приходот на приватното богатство на големиот војвода му припаѓа исклучиво на сопственикот на круната.
1. Принцот Ханс Адам II, Лихтенштајн
Неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари. Кнезот Ханс Адам II од Лихтенштајн добива неоданочен „џепарлак“, во износ од 270.709 долари, место плата.
Надоместот за трошоците може да изгледа како мала сума во споредба со другите кралски семејства, но само куќата на Кнезот во Лихтенштајн наводно вреди 5 милијарди долари.
Неговото богатство е големо и благодарение на приватната банка, LGT групите и инвестициите кои ги остварила неговата фондација, која ги надгледува недвижностите, шумите и винариите.
Текстот Елизабета Втора е најпозната, но не и најбогата европска кралица е превземен од Reporter.mk.