Елон Муск, основачот на SpaceX и ексцентричен милијардер, сака да биде еден од првите луѓе што ќе се преселат на Марс, да живее и да умре таму. Тој во интервју рекол дека постои шанса од 70 отсто тој лично да користи ракета на SpaceX за да лета на Марс. Муск е уверен во својата намера и покрај фактот дека неговата компанија допрва треба да почне тестирања на вселенскиот лет со екипаж, а камоли да патува 250 милиони километри со уште неразвиена опрема за колонизација.
„Секој што ќе сака да лета до Марс ќе треба да одвои 250.000 долари. Сепак, нема да добиете лесен живот за вашите пари“, рекол Муск и додал дека Марс ќе е совршена дестинација за одмор за богатите.
Текстот Елон Муск сака да умре на Марс е превземен од Reporter.mk.