Британскиот музичар Елтон Џон го откаже концертот во Индијанаполис кој требаше да се одржи оваа година. Музичарот им се извини на фановите и побара да го разберат, затоа што неодамна останал без свекрвата Гладис. Вети дека концертот ќе го одржи во март наредната година.
„Им се извинувам на моите обожаватели во Индианаполис. Морам да го откажам концертот затоа што не сум во можност да настапам. Се чувствувам многу лошо. Не сакав да ве изневерам, затоа датумот на концертот ќе го поместам за во јуни наредната 2020 година. Имам чувство дека овој концерт ќе биде вистински спектакл“, напишал Елтон Џон на социјалните мрежи.
Британскиот музичар неодамна ја објави својата биографија со која го сврте вениманието на јавноста. Тој откри детали од своето минато, но и од животот на многу познати негови колеги.
Текстот Елтон Џон го откажа концертот во Индијанаполис е превземен од Reporter.mk.