Елтон Џон ќе ја компонира музиката за мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“ кој премиерно ќе се претстави во Чикаго во јули следната година, а потоа ќе се игра и на Бродвеј, објави „Дејли Мејл“. Мјузиклот е инспириран од истоимениот филм со Мерил Стрип и Ен Хатавеј.
Со Елтон Џон на мјузиклот ќе работи Шејн Тауб, кој ќе ги пишува текстовите на песните. Мјузиклот, пак, ќе го режира добитничката на наградата Тони, Ана Шапиро.
„Весела, смешна и гламурозна приказна… ‘Ѓаволот носи Прада’ е нов мјузикл кој ќе ге преобрази филмот. Понекогаш најдобрите модни изјави се прават преку песна“, изјавија продуцентите на проектот.
Инаку, Елтон Џон ја компонираше музиката и за „Кралот лав“ и за „Били Елиот“. Мерил Стрип, пак, доби номинација за „Оскар“ за нејзината улога на главната уредничка на „Вог“ во филмот што беше снимен по книгата на Лорен Вајсбергер.
Текстот Елтон Џон компонира музика за мјузиклот „Ѓаволот носи прада“ е превземен од Reporter.mk.