Ема Батон ќе се мажи по 20 години врска

Поранешната спајс-девојка Ема Бантон (43) и нејзиниот свршеник Џејд Џонс (40) ќе се венчаат по 20 години врска. Двојката најверојатно ќе се венча во Лондон, во познатата сала Marylebone Town Hall во која свадба организираа сер Пол Макартни и Лиам Галагер, пишува „Мирор“.

Ема и Џејд се верија во јануари 2011 година по 12-годишна врска. Тие имаат два сина – Бу (11) и Тејт (7). Неодамна пејачката призна дека таа и нејзиниот вереник сакаат да имаат уште едно дете.

Текстот Ема Батон ќе се мажи по 20 години врска е превземен од Reporter.mk.