Поранешната Мис на Македонија, Емилија Розман на хумористичен начин откри дека денес била ограбена.
„Ви посакувам ден многу посреќен него на тој што ми ја украде празната ташна со 200 денари внатре“, напиша таа на својот фејсбук-профил.
Нејзините пријатели ѝ оставија коментари дека деновиве и тие слушнале за неколку кражби на чанти низ градот, ама и ѝ рекоа дека им се допаѓа што лошото искуство го свртела на мајтап.
Розман последниве години се натпреваруваше на неколку светски избори на убавина, а во јули победи на изборот „Мис интернационал туризам“ во Бугарија. Таа неодамна летуваше во Монако и постојано објавуваше слики од патувањето.
Текстот Емилија Розман ограбена е превземен од Reporter.mk.