Српската пејачка Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал наскоро би можеле да станат комшии, пишуваат турските медиуми. Пејачката одлучила куќата во која живеела претходно, да ја издава, а со нејзините двајца синови да се пресели во центарот „Зорли“, каде живее Сандал.
Популарната пејачка на ваков чекор најмногу се одлучила поради своите двајца синови Јаман и Јавуз, кои ги добила во бракот со Сандал.
„Емина знае дека на нејзините синови тешко им паѓа разводот со Мустафа и таа по секоја цена сака да направи нешто на кое тие ќе се сеќаваат по убаво. Таа е свесна дека на синовите им недостасува нивниот татко и дека тие навикнале да го гледаат секој ден, нешто што сега не е случај, особено ако се земе во предвид оддалеченоста на местата каде тие живеат. Исто така тука се и обврските на Мустафа, но и школските активности на Јаман и Јавуз. Емина знае дека синовите се на возраст на која им им е потребен татко, па во договорот со поранешниот сопруг, пејачката се одлучила на ваков чекор“, вели близок пријател на Емина за турските медиуми.
„Мустафа по разводот со Емина, на неа и на двајцата синови Јаман и Јавуз им ја оставил луксузната вила во Истанбул. Иако децата редовно се гледаат со својот татко и постојано се во контакт со него, тие би сакале да се поблиски со него. Тоа е една од главните причини поради која Емина бара место во негова близина. Другата причина е што на тој начин школото на Јаман и Јавуз ќе им биде поблиску. Емина му ја предложила оваа идеја на Мустафа, а тој ја има прифатено со воодушевување. Пејачката веќе има контактирано со агенција за недвижности и е во потрага по место во кое ќе почне со нов живот“, дополнува изворот.
Емина и Мустафа по десет години брак согласно се разведоа во јуни минатата година. Според тврдењата на нивни блиски пријатели, двајцата немале можност да се договорат околу поделбата на имотот. Двојката тогаш ги здружила силите и во јавноста изјавила дека среќата на децата им е на прво место.
Текстот Емина Јаховиќ бара дом во близина на поранешниот сопруг Мустафа Сандал е превземен од Reporter.mk.