Емина Јаховиќ ќе го банкротира Мустафа Сандал

Сопругот на српската пејачка Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал е во длабока финансиска криза, пренесуваат турските медиуми.

Иако на почетокот на нивниот развод, Турчинот глатко ги измазни финансиските односи со пејачката и обврските кои ги има кон своите деца, сепак турската ѕвезда почнува да сваќа дека да се преценил во своите можности.

Мустафа за синовите Јаман и Јавуз плаќа алиментација по 15.000 и 10.000 фунти месечно. Тоа се вкупно 25.000 фунти месечно, односно 300.000 фунти годишно. Освен тоа турскиот писател има обврска со сопругата да ја дели и скапоцената јахта. Емина, како што изјави неодамна нема намера да ја продава, а околу 250.000 евра чини и куќата која пејачката, додека беше во брак со Мустафа, ја направи во својот роден крај Нови Пазар.

Мустафа очигледно не сакал да се штеди кога станувало збор за семејството, но сега е во голема финансиска криза, па е принуден да ги продава своите скапоцени часовници за да успее да ги подмири своите сметки.

„Мустафа е голем љубител и колекционер на скапи и квалитетни часовници. На неговата колекција можат да позавидат сите оние кои се љубители на добри часовници. Тој не се враќа од ниту едно патување, без нов часовник на раката. Цените на неговите часовници се вртоглави. За еден часовник, знае да потроши и од 60.000 до 130.000 евра. Неговата колекција вреди цело богатство. Мустафа е тешко да се одрекне од кој било часовник од својата колекција, но изгледа дека сега ќе мора тоа да го направи, затоа што разводот го чини премногу“, пишуваат турските медиуми.

За да има дополнителни приходи, во медиумите се пишува дека Мустафа прифатил и улоги во неколку комерцијални филмови.

 

 

Текстот Емина Јаховиќ ќе го банкротира Мустафа Сандал е превземен од Reporter.mk.