Балканската пејачка Емина Јаховиќ и нејзиниот партнер Садетин Саран наскоро планираат свадба, пишуваат турските медиуми. Во јавноста се шпекулира дека венчавката ќе се случи на крајот на годинава.
Фотографии од Емина и Садетин како се држат за рака само ги потврдија наводите во медиумите, а неодамна и двајцата потврдија дека нивната врска напредува и дека се подготвени за брак.
Пејачката претходно беше во брак со турскиот писател Мустафа Сандал со кого има две деца. По разводот, Емина почна да се забавува со милионерот Садетин.
Текстот Емина Јаховиќ ќе се мажи со Садетин, сè е спремно за свадба е превземен од Reporter.mk.