Српската пејачка Емина Јаховиќ во едно од своите последни интервјуа признала дека турските жени имаат повеќе стил затоа што не ги истакнуваат премногу атрибутите, додека кај Србинките тоа е поинаку.
„Турските жени морам да признаат дека имаат малку повеќе стил. Младите генерации во Србија дури сега почнуваат да сваќаат дека тие атрибути не се во центарот за привлекување на внимание. Турските жени имаат елегантен стил, кој мене лично ми се допаѓа. Младината во Србија го поправа она што го направија генерациите во 90-те години“, вели Емина.
Пејачката која веќе е на музичката сцена повеќе од 17 години, откри дека наскоро ќе објави дует, но не сака сега премногу да открива за публиката со кого ќе ја снима новата песна.
„За помалку од месец дена ќе исфрлам еден дует, засега ќе биде мала тајна за кого станува збор. Иако не сакам многу да ги снимам, сепак во животот ми влегуваат луѓе кои ми даваат нова инспирација“, изјавила Емина.
Текстот Емина Јаховиќ: Турските жени имаат поубав стил од Србинките е превземен од Reporter.mk.