Емина се огласи по трачевите дека Садетин ја малтретирал

Пејачката Емина Јаховиќ решила да стави крај на шпекулациите ѝ отворено да зборува за раскинувањето со турскиот бизнисмен Садетин Саран.

Недолго откако Емина потврди дека нејзината краткотрајна романса со турскиот бизнисмен доживеала крах, во јавноста се појавија разни приказни за причините за прекинот на емотивната врска.

Дел од шпекулациите одеа дотаму, што се говорело дека тој ја малтретирал. Иако не е склона на коментирањето на трачевите сепак Емина овој пат решила да се огласи и да ја открие вистината.

„Никогаш не сум посреќна отколку сега. Но, ќе ве замолам да не верувате во сешто што се пласира во јавноста. Гласините дека Саран ме малтретирал се невистинити“, напиша Емина на социјалните мрежи.

 

Текстот Емина се огласи по трачевите дека Садетин ја малтретирал е превземен од Reporter.mk.