Како момче се издигна и иако никој не му даваше никакви шанси, тој стана најголемиот рапер во светот. Во игра, во тоа време резервирана за Афроамериканците, слабото бело момче од Детроит им покажа на сите дека расата нема никаква врска со вештината на рапување, но сето тоа имаше своја цена.
Тој бргу се навикна на разни антидепресиви и алкохол, но Маршал Матерс, попознат како Еминем (46), денес слави 11-годишнина откако на зависноста ѝ кажа „не“.
На својот инстаграм-профил тој објави фотографија на една паричка што ја заработи во програмата за анонимни алкохоличари, со опис „Поминаа 11 години. Сè уште не се плашам“.
Овој рапер никогаш не ја криеше својата бурна младост и зависност.
Текстот Еминем ja покажа паричката што го спаси е превземен од Reporter.mk.