Фолк ѕвездата Лепа Брена сподели неколку емотивни фотографии, од својата мајка, која почина пред пет години. Со фотографиите таа потсети дека вчера бил нијзиниот роденден. Ифета Јахиќ почина во 2014 година, а популарната пејачка напиша “ Ми недостигаш, те сакам. Среќен роденден, мајко моја“ .
Лепа Брена неколку пати досега зборувала за нејзината мајка и дека таа била една од најваѓните личности во нејзиниот живот, дури и посвети албум со севдалинки кои таа ги сакала.
Во неколку интервјуа досега, пејачката раскажала дека кога била на почетокот од кариерата нејзината мајка и шиела гардероба за настапите.
Брена на својот роденден во 2010 година остана без нејзиниот татко Абид кој почина во болница во Тузла од последици од сообраќајна несреќа.
Текстот Емотивни фотографии на Брена за роденденот на починатата мајка е превземен од Reporter.mk.