Познатиот тенисер Енди Мареј првпат јавно проговори за масакрот што се случи во неговото основно училиште во март 1996 година, кога Томас Хамилтон пукаше и уби 16 деца и еден учител. Тој призна дека го познавал убиецот и дека понекогаш се возеле во ист автомобил, бидеји неговото семејство и Хамилтон биле познаници.
32-годишниот Мареј беше дел од снимањето на документарен филм за училиштето и иако зборуваше пред камера, тој испрати порака до поранешната директорка, Оливија Капучини.
„Ме прашавте зошто тенисот ми е важен. Очигледно околу мене се случи масакрот во Данблејн, кога имав само девет години. Тоа што го познававме човекот, што одевме во неговиот детски клуб, што беше во нашиот автомобил ја правеше ситуацијата уште потешка“, пишува Мареј.
Трагедијата, заедно со разводот на неговите родители и отселувањето на неговиот постар брат Џејми во тениска академија, кај Мареј создала голема анксиозност, па тенисот бил единствен начин да се „опушти“.
„Моето чувство кон тенисот е на некој начин бегање од реалноста поради тие работи што ги затворив во мене. По само 12 месеци, нашите родители се разведоа и тоа беше тешко да се гледа бидејќи не го разбирав добро. Шест месеци подоцна, мојот брат си замина од дома за да игра тенис во Кембриџ. Не зборувам јавно за овие работи. Таков сум на тениските терени, но сакам да покажам дел од мојата позитивна личност. Тенисот ми дозволува да бидам тоа дете, со сите тие прашања и сите неизвесности“, додава Мареј.
Текстот Енди Мареј прозоре за масакрот во неговото училиште што му се случуваше пред очи е превземен од Reporter.mk.