Енрике Иглесиас практикува секс со Ана за време на доручек

Популарниот пејач Енрике Иглесијас во живо во емисијата „Понеделник наутро“, отворно призна дека практикува секс за време на доручек. Шпанскиот пејач отворено зборуваше за својот живот и откри интимни детели со поранешната тенисерка Ана Курникова.

„Твојот интимен живот е подобар од кога било?“, го прашала водителката.

„Мислиш повеќе секс од кога било? Тоа е она што го правам за доручек“, одговори Иглесијас по што ги насмеа сите во студиото.

Енрике и Ана во декември 2017 година ги добија близнаците Николас и Луси. Двојката се запозна во 2011 година за време на снимањето на спотот на Иглесијас „Бегство“.

„Чувството е неверојатно. Тоа ме промени. Сега возам побавно. Мислам на глупите работи кои ќе ги направам пред да ги повторам“, изјавил Иглесијас , објаснувајќи како се снаоѓа во улогата на татко.

 

 

Текстот Енрике Иглесиас практикува секс со Ана за време на доручек е превземен од Reporter.mk.