Ера Ојданиќ има 36 години помлада девојка

Српскиот пејач Ера Ојданиќ (71) откри дека конечно ја нашол својата „сродна душа“. Тој во интервју за „Курир“ се пофалил дека има 35-годишна девојка во која е многу заљубен.

„Се чувствувам фантастично покрај неа. Чекав и конечно дочекав. Кога сите спијат, јас излегувам, одам кај мојата девојка. Има 35 години, паметна е, сериозна, мојата сродна душа. Ама, нема да ви откријам како се вика и што работи“, рекол Ера во интервјуто.

 

Ера беше во брак со Љупка Ојданиќ до 2009 година. По разводот често беше во врска со помлади девојки.

Текстот Ера Ојданиќ има 36 години помлада девојка е превземен од Reporter.mk.