Една од најголемите музички поп-ѕвезда во Европа, Ерос Рамацоти вечерва, во 20 часотќе одржи концерт во Скопје во А1-арената. Италијанецот во рамките на својата светска турнеја, која почна во февруари годинава, тој го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n’e“. Турнејата ги опфаќа сите континенти, а македонската публика првпат ќе има шанса да го слушне и дома.
Ерос доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција (звук, светло и видео). Неговите живи настапи се едни од највозбудливите доживувања во светската музичка индустрија.
Тој речиси четири децении е на музичката сцена, а зад него има бројни хитови. Рамацоти е еден од ретките италијански музички поп-ѕвезди кои планетарно изградија кариери. Публиката го памети по соработките со Лаура Паузини, Тина Тарнер, Лучијано Павароти и други.
Билетите може да се набават во музичката продавница на „Авалон продукција“ или онлајн. Концертот е во организација на „Авалон продукција“.
Текстот Ерос вечерва има концерт во Скопје е превземен од Reporter.mk.