Пред 20 години поп-пејачката Ерзана Бериша беше една од најпопуларните пејачки на македонската музичка сцена. Песните „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „Илузија“ и денес се одлично звучат, но таа се повлече од сцената кога беше најпопуларна. Прчината беше Ариан Превала, со кого се омажи и се пресели во САД, па ја напушти музиката. Медиумите тогаш пишуаа дека Ерзана веќе не пее на желба на сопругот, кој сакал да води мирен семеен живот.
Сопругот на Ерзана е инструктор по летање и пред три години беше актуелен како херој кој спаси стотици животи. За неговиот подвиг пишуваше и „Њујорк тајмс“.
Давајќи му часови по летање на студент пилот од Јордан, Ариан можел да загине кога студентот одеднаш намерно го насочил авионот „пајпер“ во густо населениот дел на градот Мериден, а потоа и во фабриката за воена опрема. Превала успеал некако да избегне авионот да не се урне во местата каде што има луѓе, ниту во фабриката каде што работеле над 300 луѓе. Авионот на крајот се урнал во една од улиците во градот. Студентот, за кого се сомневаат дека на овој начиин сакал да се самоубие, загинал, а сопругот на Ерзана едвај преживеал.
Ерзана со семејството сега живее во Хартфорд, Конетикат, и ретко доаѓа во Македонија.
Текстот Ерзана се омажи за пилотот кој спаси стотици животи е превземен од Reporter.mk.