Најпознатиот плус-сајз модел Ешли Грем е бремена. Таа објави видео на „Инстаграм“ во кое откри дека со сопругот Џастин Ервин го чекаат првото дете.
„На денешен ден пред девет години се омажив со љубовта на мојот живот. Беше најдоброто патување со мојата омилена личност на светот. Денес, ние сме толку благословени, благодарни и возбудени што нашето семејство расте. Среќна годишнина. Животот ќе ни стане уште подобар“ , напиша Ешли покрај видеото.
Ешли и Џастин се запознаа 2009 година, а се венчаа една година подоцна.
Текстот Ешли Греам чека прво дете е превземен од Reporter.mk.