Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам, која на 18 јануари стана мајка, објави слика на која го дои бебето на јавно место. Таа сподели слика од кафуле во Њујорк, каде што додека пие кафе, го дои синот Исак.
Нејзиниот потег наиде на одобрување од страна на мајките кои поминувале низ сличен период и кои се за тоа дека децата треба да се дојат во јавност, без мајките да бидат осудувани.
Исак е прво дете на Ешли и нејзиниот сопруг Џастин Ирвин. Двојката е во брак седум години.
Текстот Ешли Греам е супер мајка е превземен од Reporter.mk.