Ева Лонгорија поради бебето нема време за фризура

Актерката Ева Лонгорија ужива во првите мајчински денови, а иако не одбива често да го фотографира едномесечниот син Сантијаго Енрике, актерката решила на своите фанови да им го покаже бебето.

Актерката од серијата „Очајни домаќинки“, не се одвојува од својот наследник кој го доби на 43 години со сопругот Хосе Пепе Бастон. Сепак Ева со фановите се пожали дека нема време за себе и дека фризурата и е очајна. Таа со фотографијата на која синот и спие на градите упати порака до својата пријателка и новопечена мама, моделот Криси Тејген:

„Еј, Криси, дали е ова официјална фризура за доење? Се чувствувам неуредна. Тешко е да се направи за себе било што, поради обврските околу бебето“, напишала Ева и ставила неколку смајли.

Сепак, фановите на Лонгорија не и замерија за изгледот, туку и порачаа дека е многу поубава без шминка и дека пегите на лицето и стојат убаво.

 

Текстот Ева Лонгорија поради бебето нема време за фризура е превземен од Reporter.mk.