Актерката Ева Мендес се отвори за приватниот живот во интервју за Women’s Health и сними елегатно-спортски едиторијал.
45-годишната актерка, која има две ќерки со Рајан Гослинг, рече дека пред врската со него децата биле последното нешто за кое размислувала.
„Тоа ми беа најдалечни мисли“ – изјави таа за мајчинството. На прашањето што ја премислило во однос на мајчинството, таа одговорила: „Рајан Гослинг се случи. Вљубувањето во него. Тогаш имаше смисла да имам… не деца, туку негови деца.“
Таа проговори и за нејзината мајка и сиромашното детство. „Moјата мајка во Куба мораше да изоди долг пат за да наполни вода од бунар. Извесно време тоа беше реалност за неа, па затоа неверојатно многу ја почитувам и ценам. Немавме многу додека растев. Мајка ми ќе речеше: ‘Колку и малку да имаме ние, постојат луѓе кои имаат помалку.’ Таа ме натера да ценам сè уште од мали нозе“ – рекла Мендес.
Откако стана мајка на 4-годишната Есмералда и 3-годишната Амада, Ева е дистанцирана од Холивуд и посветена на улогата на мајка. „Сега се чувствувам поамбициозна дома одошто на работа“ – признава таа.
Текстот Ева Мендес: Не сакав деца пред да се вљубам во Рајан Гослинг е превземен од Reporter.mk.