Поп-кралицата Мадона можеби нема да настапи на „Евровизија“ во Тел Авив, Израел, оти организаторите на фестивалот не сакаат да ги пее песните што таа ги избрала. Откако пејачката им испратила листа со песни во државната телевизија, тие откриле дека една од нив е спорна.
„Една од песните на Мадона испраќа контроверзна порака што не сакаме да ја промовираме. Ако реши да не ја повлече песната, ќе мора да го откажеме нејзиниот настап“, велат организаторите.
Според израелскитре медиуми, на Мадона ѝ биле понудени 1,5 милиони евра за да одржи кратко шоу на финалето на „Евровизија“. Таа треба да настапи на 18 мај.
Текстот Евросонг нема да ѝ дозволи на Мадона да пее ако не ги смени песните е превземен од Reporter.mk.